Спорт

Македонските ракометни кадети се пласираа на ЕП во Србија

„Црвено-жолтите“ во последното коло од квалификациите го совладаа домаќинот на групата Луксембург со 25:17

Со победата над домаќинот Луксембург од 25:17, Македонија избори учество на Европското првенство за ракометари до 18 години што ќе се одржи од 29 јули до 9 август 2026 година во Србија.

Услуга за првото место во квалификациската група Ц на избраниците на селекторот Горан Кузманоски им направи Финска, која ја победи Грција со 29:25 и си обезбеди место на ЕП заедно со „црвено-жолтите“.

Македонија, Финска и Грција освоија по 4 бода, а јужниот македонски сосед отпадна поради помалку дадени голови од Финците.

Клучен за пласманот на еврошампионатот се покажа стартниот триумф над Финска од 36:29, а во второто коло Македонија загуби „добиен“ натпревар со Грците со 32:31.

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Два дена по триумфот во затворениот натпревар во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација доживеа тесен, срцепарателно драматичен пораз од Јапонија со 31:32 (17:16) во последниот пријателски дуел оваа година.

To top