Македонија

Уапсен возачот кој прегази жена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“

Прегази 79-годишна жена и избега, МВР го фати на Средно Водно

Возачот кој вечерва ја прегази 79-годишна жена во центарот на Скопје е уапсен. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, кога џип марка „Фолксваген Тигуан“ со голема брзина удрил во постарата жена, а потоа го напуштил местото на настанот.

Полицијата веднаш започнала потрага и по неколку часа, возилото и возачот биле лоцирани на патот кон Средно Водно.

„Лицето е пронајдено и лишено од слобода. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала по пешачкиот премин кога џипот ја удрил, а возачот без двоумење избегал.

„Сцената беше ужасна, луѓето трчаа да ѝ помогнат, а тој едноставно избега“, изјави една скопјанка која го снимила настанот и видеото го објавила на социјалните мрежи.

Повредената жена е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Според сведоци, благодарение на брзата реакција на минувачите и Итната помош, животот ѝ бил спасен.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top