Македонија

ТВ Алфа: Арсовска му остава на Ѓорѓиевски еден куп проблеми во Скопје

Проекти што тапкаа во место, секојдневен сообраќаен хаос, градски превоз што целосно колабира, хигиена на најниско ниво и разочарани граѓани што одамна изгубија трпение

Проекти што тапкаа во место, секојдневен сообраќаен хаос, градски превоз што целосно колабира, хигиена на најниско ниво и разочарани граѓани што одамна изгубија трпение. Град со проблеми до гуша. По четири години на чело на главниот град, градоначалничката Данела Арсовска зад себе остави главен град целосно нефункционален. Новиот градоначалник ќе мора да седне во фотелјата со итни планови и решенија на наталожените проблеми.

Во мандатот на Данела Арсовска, главниот град влезе во состојба на урбан колапс. Метрополата со недели личеше на депонија, со насобрано ѓубре, преполни контејнери и стаорци што си шетаат слободно низ градот. Вардариште гореше, а чистиот воздух стана луксуз за граѓаните.

Наместо нови еколошки автобуси, ЈСП остана без гориво, автобусите не возеа, а илјадници жители доцнеа на училипште и работа, остануваа на цедило.

Подземниот сообраќај не доживеа бел ден. Сообраќајницата под „Лимак“, што требаше да го модернизира центарот, до крајот на нејзиниот мандат остана само ветување. На терен останаа само раскопани улици и сообраќаен хаос што го чувствуваат сите возачи. Планови имаше, но не и изведба.

Дополнително, кога ќе заврне дожд, улиците се претвораат во реки. Пукнати цевки, нефункционална канализација, делови од Аеродром, Ѓорче и Кисела Вода се редовно под вода, а и делови од градот често се и без неа. А коритото што навистина требаше да личи на река е претворено во канал-депонија. Сега сета верба е во рацете на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Од него се надеваат на многу подобро.

Градот што требаше да биде пример, стана предупредување. Скопје прво мора да се расчисти од наследството што го остави Арсовска, а тоа е град без ред, без чистота, без јавен превоз и без доверба кај граѓаните. Орце Ѓорѓиевски ќе мора да покаже дека постои разлика меѓу градоначалник што ветува и градоначалник кој решава.

Најнови вести од: Македонија

Блерим Беџети не е повеќе координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, тврди дека „сам ја напуштил таа позиција“!

Вчера централното претседателство на ДУИ расправаше за дебаклот што ја доживеа оваа партија на локалните избори и прашање е дали ова „самостојно повлекување“ на Блерим Беџети од позицијата на шеф на нивната парламентарна група е поправо почеток на бранот оставки во врвот на Демократската унија за интеграција?! Вчера нејзиното раководство одлучи да се одржи конгрес до 20 декември 2025 година и претстои да се види што ќе се случува во тетовска Мала Речица во наредните денови и седмици, дали конечно ќе дојде до заминување на лидерот на ДУИ Али Ахмети во „политичка пензија“?!

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година, на почетокот на неговиот прв претседателски мандат. Во изминатите 15 изданија, преку програмата поминале околу 600 млади од земјата и странство, а речиси 400 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење и искуство. Во 2018 година, проектот „Школа за млади лидери на Претседателот Иванов“ беше прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Засилени стратегии и намалена бирократија – Владата подава рака на е-трговија

Владата на Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите.

To top