Македонија

Нешков се сомнева дека коридорот 8 ќе биде изграден, зошто Русија и Грција не го сакале

Бугарскиот новинар не им верува на министрите Николоски и Караџов, кои денеска потпишаа изградба на железничкиот тунел

Бугарскиот новинар Љубчо Нешков изрази силни сомнежи дека стратешкиот Коридор број 8 некогаш ќе биде изграден. Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), тој ја доведе во прашање политичката волја и меѓународните влијанија што го блокираат проектот со децении.

Повод за коментарот е денешната церемонија на железничката станица Ѓуешево, каде што беше потпишан договор меѓу Бугарија и Македонија за изградба на железничкиот тунел, кој е клучен дел од коридорот.

Сопственикот на новинската агенција БГНЕС потсети дека уште во 2008 година, кога снимал документарец за Коридорот 8, од вработен во пристаништето во Бургас ги слушнал зборовите: „Овој коридор никогаш нема да биде изграден затоа што Русија не го сака тоа“. Според него, ова било показател за начинот на кој геополитичките интереси ја диктираат инфраструктурната карта на Балканот.

Според него, Бугарија и Македонија се заглавени помеѓу спротивставени интереси – на Москва, која не сака енергетските и транспортните текови да минуваат низ бугарскиот коридор, и на Атина, која ги пренасочува европските средства кон свои проекти.

„Грција прави сè што е можно, апсорбира средства, за да не се реализира Коридорот број 8“, Нешков го цитира покојниот македонски претседател Борис Трајковски.

Денес, смета новинарот, ситуацијата е уште покомплицирана. Покрај руското и грчкото влијание, постои и кинеско, кое го пренасочува интересот на кон Коридорот број 10 – рутата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина.

„Дали треба да бидеме песимисти? Не им верувам ниту на Караџов ниту на Александар Николоски, кои до вчера нè нарекуваше мизерни и тврдеше дека овој коридор е бесмислен од економска гледна точка“, рече Нешков. Според него, и покрај официјалните говори и потпишаните протоколи, нема вистинска посветеност на изградбата.

Нешков нагласи дека церемонијата во Ѓуешево не е само регионален чин, туку дел од пошироката европска безбедност. „Ова не е викенд автопат до Скопје. Ова е дел од мобилната безбедност на континентот“, рече тој, додавајќи дека присуството на претставници на Европската комисија, НАТО и дипломатските мисии е индикативно.

„Тие повеќе не веруваат во прес-конференции и селфија. Тие сакаат акција“, додаде новинарот, според кој Коридорот 8 станува не само инфраструктурен, туку и морален тест за регионот – дали Балканот може да излезе од сенката на странските интереси и конечно да го изгради патот што ги поврзува Истокот и Западот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top