Македонија

SupportKocani им исплати средства на 137 засеганти лица

Секое лице доби подеднаква финансиска поддршка, со цел фер пристап и еднакво третирање на сите засегнати

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста дека е реализирана втората распределба на средства од заедничката сметка за донации, која беше формирана по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во согласност со принципите на целосна транспарентност, отчетност и правна усогласеност, сите пристигнати средства од оваа фаза се распределени исклучиво на лица кои беа директно погодени од трагедијата.
Податоци за распределбата
* Вкупен број на лица кои добија финансиска помош: 137
* Вкупен бруто износ на донаторски средства: 10.944.793 МКД
* Персонален данок ПДД уплатен кон државата: 1.094.493 МКД
* Нето износ распределен по лице: 71.900 МКД

Секое лице доби подеднаква финансиска поддршка, со цел фер пристап и еднакво третирање на сите засегнати. Средствата се обезбедени преку донации од компании, здруженија, цркви, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и странство.

Целиот процес беше реализиран со внимателна координација со засегнатите страни и со административна и правна документација која обезбедува целосна усогласеност со важечките процедури.

SupportKocani изразува длабока благодарност до сите цркви, свештени лица, донатори, правни субјекти, и граѓани од Македонија и од странство, кои се вклучија во оваа иницијатива. Вашата солидарност го овозможи овој процес да биде успешен и целосно насочен кон оние на кои им е најпотребно.

Зад сите статистики и административни процеси стојат вистински луѓе. Млади што сè уште се борат со повреди. Семејства кои ја изгубија најважната личност во својот живот. Секоја донација што ја распределивме не е „сума“ – тоа е гест со кој заедницата им порача дека не се сами. Дека не ги заборавивме кога беше најтешко.

„Речиси 8 месеци, ние како волонтери, не престануваме со нашата мисија, и остануваме да се бориме и да стоиме покрај секој еден од засегнатите, како и од самиот почеток. Нашата главна цел никогаш не беа бројките, туку луѓето. И тоа ќе остане така. Затоа и ќе продолжиме да помагаме на оние што се борат, и оние што тивко болат“ – соопштуваат од иницијативата Support Kocani.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top