Спорт

Вардар со најлесен ривал во Конференциската лига – Ла Фиорита од Сан Марино

Иако неносител во ждрепката, Вардар го доби најлесниот противник во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА – претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита. Освојувачот на Купот на Македонија ќе гостува во првиот натпревар на 10 јули, исто како и вицешампионот Силекс против црногорски Дечиќ во Тузи и Работнички против белоруски Торпедо-Белаз во Жодино, а реваншите […]

Иако неносител во ждрепката, Вардар го доби најлесниот противник во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА – претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита.

Освојувачот на Купот на Македонија ќе гостува во првиот натпревар на 10 јули, исто како и вицешампионот Силекс против црногорски Дечиќ во Тузи и Работнички против белоруски Торпедо-Белаз во Жодино, а реваншите во Македонија се на 17 јули.

Првакот Шкендија, пак, во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе игра со Њу сеинтс (ТНС) од Велс и исто така прво ќе гостува на 8/9 јули, а возвратниот дуел е на 15/16 јули во Скопје.

ТНС им е добро познат на тетовци, бидејќи го елиминираа во квалификациите за ЛШ во сезоната 2018/2019, откако дома го декласираа со 5:0, а потоа загубија со 4:0 во Велс.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top