Спорт

Панчев: Македонија има објективни шанси за СП, дај Боже тоа и да се случи

Според некогашната „златна копачка“ на Европа би било „феноменално“ избраниците на Милевски да заиграат на мундијал

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев за српскиот дневен спортски лист „Спорт“ ги коментираше шансите на Македонија првпат во историјата да се пласира на Светско првенство.

„Македонија ќе игра во баражот, по добрите резултати во досегашните натпревари. Има реални шанси да биде втора во групата со Белгија и со Велс, така што Македонија има добар континуитет во последните седум-осум години. Секако, би било убаво да продолжи така, како и првпат да се пласира и на Светско првенство, бидејќи има објективни шанси за тоа. Тоа би било феноменално, дај Боже тоа и да се случи“, изјави најдобриот македонски фудбалер на 20. век и поранешен капитен на репрезентацијата на Македонија.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top