Свет

Брнабиќ во Киев: Поддршка за европскиот пат на Украина (ВИДЕО)

Србија и Украина можат да ја градат својата соработка. Јасно наведуваме дека местото на Украина е во Европа“, рече шефицана на српскиот парламент

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, во понеделник пристигна во Киев во официјална посета, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук.

Ова е прва посета на висок српски претставник на Украина од почетокот на руската инвазија.

За време на разговорите, Брнабиќ нагласи дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и нејзиниот европски пат. Според неа, Белград е подготвен да обезбеди техничка и експертска помош во процесот на европска интеграција. „Србија и Украина можат да ја градат својата соработка. Јасно наведуваме дека местото на Украина е во Европа“, рече Брнабиќ, цитирана од новинската агенција ТАНЈУГ.

Украинската страна ја оцени посетата како гест на солидарност и ја потврди желбата за продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог. Претседателот Володимир Зеленски коментираше за состанокот на социјалната мрежа X (порано Твитер):

„Имав средба со претседателката на Парламентот на Србија, Ана Брнабиќ. Главен фокус на разговорот беше процесот на европска интеграција – стратешка цел за двете наши земји. Разговаравме и за меѓувладината соработка и партнерството за регионална безбедност.

Благодарен сум на Србија за нејзината поддршка за територијалниот интегритет на Украина“, објави Зеленски.

Српската делегација го посети и Музејот на руската агресија во Киев, каде што Брнабиќ им оддаде почит на жртвите од војната.

 

Најнови вести од: Свет

Трамп: Ниедна друга земја не направила повеќе добро за овој свет од САД

„Никој никогаш не дал повеќе во добротворни цели, не искоренил повеќе глад, не излечил повеќе болести или не направил повеќе за да го подигне човештвото од Американците“, вели претседателот

To top