Свет

Американци сакаат да го купат „Лукоил“

Лукоил произведува околу 2% од глобалното производство на нафта и бара купувачи за своите меѓународни средства, кои произведуваат повеќе од 0,5% од светската нафта и се проценети на околу 22 милијарди долари

Американскиот инвестициски фонд Карлајл (Carlyle) сака да ги купи странските средства на рускиот „Лукоил“, објави ексклузивно Ројтерс

Еден од изворите на агенцијата тврди дека Карлајл размислува да аплицира во САД за деловна лиценца.

Друг извор на агенцијата наведува дека инвестицискиот фонд веќе го информирал „Лукоил“ за желбата да ги купи странските средства.

Лукоил произведува околу 2% од глобалното производство на нафта и бара купувачи за своите меѓународни средства, кои произведуваат повеќе од 0,5% од светската нафта и се проценети на околу 22 милијарди долари, според податоците од 2024 година.

На 22 октомври, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз „Роснефт“, „Лукоил“ и 34 нивни подружници.

Доколку нема договор за продажба, „Лукоил“ ризикува да изгуби 14 милијарди евра.

Потенцијалниот купувач, швајцарската трговска компанија Гунвор, блиску до Кремљ, го напушти договорот неколку часа откако Министерството за финансии на САД ја нарече „марионета на Кремљ“.

Пропадна купувањето на „Лукоил“- „Гунвор“ се откажува од понудата поради САД

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

To top