Регион

Вучиќ по вечерата со Макрон: Односите со Франција на историски врв

Односите меѓу Србија и Франција никогаш не биле посилни во историјата, а стратешкото партнерство уверено ќе продолжи да се зајакнува, напиша вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи, по работната вечера со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

facebook.com/vucicaleksandar/

Односите меѓу Србија и Франција никогаш не биле посилни во историјата, а стратешкото партнерство уверено ќе продолжи да се зајакнува, напиша вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи, по работната вечера со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

По средбата, Вучиќ за српските новинари во Париз изјави дека имал тричасовен дијалог со Макрон и дека е задоволен од дискусијата, на која се разговарало за сите клучни стратешки теми што ги очекуваат во претстојниот период.

– Разговаравме за европската перспектива на Србија, дека можеме многу да постигнеме во следната година и тоа зависи од нас, но верувам дека расположението во Европската Унија ќе биде поволно за Србија да оствари тој напредок – рече Вучиќ.

Тој додаде дека дискусијата опфатила и сите билатерални теми, заеднички инвестиции, вложувања во Србија, како и соработката во полето на вештачката интелигенција.

Вучиќ истакна дека Србија ќе набави суперкомпјутер од Франција, кој ќе биде исклучително вреден и единствен од тој вид во Југоисточна Европа.

– На 15 декември, Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом. За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија… Белград конечно ќе добие метро – рече Вучиќ.

Претседателите разговарале и за воено-техничката соработка, вклучително можноста за монтирање на хеликоптерите Ербас во Србија.

Вучиќ рече дека дискутирале и за геополитичката состојба, при што го информирал Макрон за тековната ситуација со НИС, а српската делегација денеска ќе има средби со претставници на САД.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top