Регион

(Фото): Трагедија – Се урна авион, копилот загина, пилотот в болница

Помал авион од типот „Пајпер“ падна на околу два километри од аеродромот Биковац каде што требаше да слета кратко по 17 часот. Копилотот Золтан С. (30) беше прогласен за мртов веднаш по обидот за реанимација, додека пилотот Карло Ф. (24) беше пренесен во болницата во Суботица.

Еден маж загина, а друг е тешко повреден во авионската несреќа што попладнево се случи кај аеродромот Биково во Суботица, кога мал авион од типот „Пајпер“ (Piper) се урна околу 17 часот – истиот тој авион кој пред три години доживеал несреќа под речиси идентични околности, дознаваат српските медиуми.

Во леталото вечерва се наоѓале двајца членови на екипажот. Копилотот Золтан С. (30) починал на самото место, и покрај обидите за реанимација, додека пилотот Карло Ф. (24) во тешка состојба е пренесен во болницата во Суботица. Падот се случил за време на приодот кон аеродромот Биково, на околу два километри од пистата. Причините за несреќата сè уште не се познати.

Полицијата, пожарникарите и Итната помош веднаш излегле на терен и вршат увид, а по наредба на обвинителството, истрагата ја водат и надлежните од Цивилната авијација.

Српски Телеграф објави дека истото летало, регистрирано како „YU-DPV“, доживеало несреќа и на 24 септември 2022 година, исто така кај аеродромот Биково. Тогаш авионот ја изгубил силата на моторот за време на школски лет, по што екипажот се обидел со присилно слетување. Леталото било сериозно оштетено, деформирана шасија за слетување, оштетен труп, елиса и крилја, но пилотот и пилот-патникот поминале без потешки повреди.

Во моментот не е познато дали постои каква било поврзаност меѓу техничката историја на авионот и денешната трагедија. Анализата на експертите треба да утврди дали причините се механички, човечки или комбинација од повеќе фактори.

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Најнови вести

To top