Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е последната што треба да зборува за ЕУ

Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“

Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“ за да го изразат својот наводен „загрижен“ став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков.

Сите констатации во извештајот не се резултат на последните 12 месеци. Тоа се последици од повеќегодишно лошо владеење, кои денес ги гледаме напишани црно на бело од Европската комисија.

Коалицијата ВЛЕН го поздравува Извештајот на Европската комисија како реален, објективен и корисен документ за државата. Извештајот јасно покажува дека одредени процеси конечно се придвижени напред. За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top