Бизнис

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка

Петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија донесе нова димензија на билатералната енергетска соработка, истакнувајќи ја важноста на регионалната стабилност и сигурноста на снабдувањето со енергија.

Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет, на која се потврдија заедничките стратешки приоритети и заложби во енергетиката. Експертските работни групи од двете министерства за енергетика усогласија стратешки точки кои ќе ја унапредат енергетската инфраструктура, ефикасност и иновации.

Потпишувањето на протоколот кој ги дефинира и заедничките енергетски цели и активности, се одржа како завршен чин на седницата на Комитетот, кој опфати повеќе ресори, со цел да се поттикне регионална стабилност и енергетска безбедност.

Седницата на Мешовитиот комитет ја потврди стратегиската посветеност на двете земји за јакнење на регионалната енергетска стабилност.

  • Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност, истакна државниот секретар Горан Јовановски.

Јовановски и македонската делегација остварија и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет, Петар Старај како и со Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, на кои ја зацврстија заедничката заложба за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.

  • Размената на добри практики и експертиза во работењето на пазарот на електрична енергија е клучна. Охрабрени сме од напредокот во техничкиот дијалог за геотермална енергија. Модернизацијата на РЕК Битола, со фокус на суви или хибридни системи за ладење, е уште една област каде нашата соработка може да донесе реални придобивки. Продлабочената соработка помеѓу HUPX и MEMO дополнително ќе ја олесни интеграцијата на пазарите, размената на податоци и развојот на капацитетите, промовирајќи транспарентно и ефикасно работење на електроенергетскиот пазар во нашиот регион, истакна Јовановски.

Седницата јасно покажа дека соработката меѓу двете земји не се ограничува само на потпишување протоколи. Таа се базира на доверба, експертиза и визија за одржлива енергетска иднина, која ќе обезбеди сигурност и просперитет за целиот регион.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top