Спорт

Престон лајонс со реми на гости се доближи до четвртфиналето на Австралискиот шампионат (ВИДЕО)

Најпопуларниот клуб на Македонците во Австралија одигра 1:1 кај водечкиот Авондејл со голот на Џонас Марковски

Фудбалерите на Престон лајонс, најпопуларниот клуб на македонската заедница во Австралија, ремизираа 1:1 кај лидерот Авондејл и се доближија до четвртфиналето на Австралискиот шампионат.

Со 7 бода, „лавовите“ се втори во групата Ц, а за да останат таму и да разигруваат за титулата во првото издание на единствената втора лига на Австралија ќе мора да го почекаат резултатот од последниот дуел меѓу Канбера Кроејша (4 бода) и НВС Спирит (5) закажан за ноќва во 3 часот по средноевропско време.

Авондејл, кој ја освои групата со 12 бода и ѝ го нанесе единствениот пораз на некогашна Престон Македонија, поведе во 50. минута, а израмни Џонас Марковски со глава 15 минути подоцна.

Напаѓачот Џонас е син на некогашниот австралиски репрезентативец Џон Марковски со 19 настапи и еден гол за „сокероси“.

 

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top