Македонија

Зеленски ќе ги менува шефовите на сите енергетски компании

Украинскиот „Енергоатом“ е во центарот на најголемиот корупциски скандал во Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година

 

Украинскиот претседател објави дека ќе има промени на врвот на најважните енергетски компании во земјата, кои беа потресени од голем корупциски скандал, објави ДПА.

Воени профитери: Вреќи полни со пари, златен тоалет, раскошни станови…

„Заедно со темелна финансиска ревизија, мора да почнеме и да го обновуваме управувањето со овие компании“, напиша украинскиот лидер на Телеграм.

Тој истакна дека ги координирал своите активности со премиерката Јулија Свириденко.

Условите за формирање нов надзорен одбор во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“ мора да се исполнат во рок од една недела, нагласи Зеленски, додавајќи дека и извршниот одбор на компанијата ќе биде целосно заменет.

Ќе има промени и во управувањето со државниот оператор на хидроелектраната „Укрхидроенерго“, операторот на гасоводниот систем во Украина и државниот енергетски гигант „Нафтогаз“, наведе Зеленски.

„Енергоатом“ е во центарот на најголемиот корупциски скандал во Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата објавија дека истражуваат голема корупциска шема поврзана со „Енергоатом“ во која се испрани речиси 100 милиони долари.

Истрагите се фокусираат на огромни поткупи наводно платени за изградба на одбранбени објекти дизајнирани да ги заштитат енергетските објекти од руските воздушни напади.

Двајца министри поднесоа оставки откако избувна скандалот, а двајца осомничени, меѓу кои и еден од блиските соработници на Зеленски, избегаа во странство.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top