Свет

ФСБ спречи атентат врз Шојгу: Експлозив во вазна на гробиштата во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила терористички напад насочен кон висок руски функционер, планиран на гробиштата „Троекуровски“ во Москва, каде што тој требало да ги посети гробовите на своите блиски роднини.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила терористички напад насочен кон висок руски функционер, планиран на гробиштата „Троекуровски“ во Москва, каде што тој требало да ги посети гробовите на своите блиски роднини.

Според руските медиуми, целта бил секретарот на Советот за безбедност и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу, а акцијата била организирана од украинските специјални служби. Нападот требало да се изврши со експлозивна направа скриена во вазна со цвеќе, опремена со камера за далечинско активирање.

„Федералната служба за безбедност спречи терористички акт кога функционерот го посетил гробното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“, се наведува во официјалното соопштение на ФСБ, без да го именува целта. Според извештаите, акцијата била закажана за 12 ноември, на годишнината од смртта на мајката на Шојгу, а ФСБ ја разоткрила на 14 ноември.

Во операцијата се уапсени тројца осомничени: руски брачен пар, осудени наркомани, и мигрант од Централна Азија. Украинските служби, според ФСБ, го регрутирале мигрантот, а преку апликациите WhatsApp и Signal комуницирале со нив. Меѓу приведените е Шамсо Џалолидин Курбанович (46), роден во 1979 година во Киев, баран во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.

Од запленетите уреди пронајдени се преписки со украински офицер, како и камерата за надзор во вазната, опремена со далечински управувач за детонација на експлозивот. ФСБ предупреди дека украинскиот режим, под влијание на западните служби, подготвува слични напади во други региони на Русија

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top