Бизнис

Како е можно дури три милијарди луѓе да се сиромашни, а богатите да стануваат уште побогати?!

Годишните трошоци за искоренување на сиромаштијата за 3,8 милијарди луѓе кои моментално живеат под линијата на сиромаштија на Светската банка од 8,30 долари дневно се 1,65 трилиони долари, проценува Оксфам.

Нееднаквоста меѓу луѓето ширум светот продолжи да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој Оксфам.

Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 трилиони долари во изминатата година, соопшти Оксфам во анализа објавена во четврток пред самитот на Г20 оваа недела. Според организацијата, оваа сума би била доволна за да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија.

Богатството на само 3.000 милијардери се зголеми за 6,5 трилиони долари во реални услови од 2015 година и сега претставува еквивалент на 14,6 проценти од глобалниот БДП. Самитот на Г20 започнува во сабота во Јоханесбург. Групата ги обединува најголемите индустријализирани земји во светот и некои економии во развој.

Богатите луѓе ги зголемуваат приходите за речиси 17 проценти за една година

Оксфам вели дека милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето комбинирано богатство за 16,5% за една година – или на 15,6 трилиони долари, во споредба со 13,4 трилиони долари минатата година.

Годишните трошоци за искоренување на сиромаштијата за 3,8 милијарди луѓе кои моментално живеат под линијата на сиромаштија на Светската банка од 8,30 долари дневно се 1,65 трилиони долари, проценува Оксфам.

Организацијата ги повика лидерите на Г20 да се залагаат за создавање меѓународно тело за борба против нееднаквоста и за унапредување на напорите за оданочување на супербогатите. Се очекува намалувањето на нееднаквоста да биде централна тема на самитот.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top