Македонија

По предлог на судијката Добрила Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите

Повеќе од трагичното објаснување на Уставниот суд е дека имало некаков си наводен сомнеж за дискриминација на пензионерите со поголеми пензии во однос на оние со минималните пензии, аргумент кој од општествено-социјален аспект е далеку од умот и нема никаква логика. За нивна жал, тие со поголеми пензии и кои јавно се бунеа, се предомислија во јули годинава и ја пофалија мерката и потегот на премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, сепак, не стигнало до Кацарска и Уставен.

facebook.com/ustaven.oficijalna.stranic

Уставниот суд по предлог на судијката Добрила Кацарска, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување (објавен на 29.07.2025), со кој се воведе линеарното зголемување на пензиите од 2.000 денари за сите пензионери – 1.000 денари во септември 2025 и уште 1.000 на пролет 2026 година.

Судот изрази сомнеж дека линеарниот модел создава дискриминација кон пензионерите со повисоки пензии, бидејќи тие добиваат релативно помало зголемување од оние со пониски пензии, иако имале подолг стаж и повисоки придонеси. Во соопштението се наведува дека пензијата е стекнато имотно право (член 30 од Уставот) и дека постои ризик од нарушување на социјалната праведност, еднаквоста и легитимните очекувања. Судот ќе провери дали разликата во третманот има „објективно и разумно оправдување“ според стандардите на Европскиот суд за човекови права.

Оваа одлука предизвика остри реакции во јавноста, особено кај пензионерите, кои само четири месеци претходно (на 18 јули 2025) јавно ја поздравија мерката на премиерот Христијан Мицкоски. Тогаш претседателот на Иницијативните одбори за линеарно зголемување, Трајче Станојков, изјави:

„Ако гледате математички, лани ни дадоа 5.000 денари и сега ни даваат 2.000 денари, еве ќе речам 1.000 во септември треба да бидат дадени, па кога ќе го ставите тоа во еден простор од година и нешто дена, јас сум 70 и некоја година, досега не сум видел дека некоја Влада, или која било политичка Влада за година и пол дена да ги покачи (пензиите) за 6.000 денари. Затоа остануваме како луѓе благодарни на Владата и мислам дека самите пензионери ќе го сфатат тоа дека висината е задоволна.“

Станојков тогаш нагласи дека линеарното зголемување е правично за најсиромашните пензионери, кои со процентуален модел би добиле само 900 денари. Сега, по одлуката на Уставниот суд, стотици илјади пензионери стравуваат дека веќе исплатеното и ветеното зголемување би можело да биде укинато.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top