Македонија

Милошоски му одговори на Пекинг: Имаме легитимитет и право да се среќаваме со секој добронамерен поединец или делегација

Официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски му одговори на официјален Пекинг откако вчера Кина реагираше за средба на која Собраниски претставници се сретнале со Тајванската економска мисија во Рим.

 

По реакцијата Милошоски вели дека пратениците имаат легитимитет и право да се среќаваат со секој добронамерен поединец или делегација.

 

Целата реакција на Милошоски:

 

Во однос на реакцијата на амбасадата на НР Кина во Македонија би сакал да истакнам неколку поенти :

 

Прво, официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. Уверен сум дека заедничките проекти и соработката во сите области ќе продолжат со несмален интензитет, од кои двете држави како рамноправни партнери ќе имаат взаемна корист.

 

Второ, избраните претставници во Собранието на Р.Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, а се со цел да се искористи потенцијалот за размена на мислења околу меѓународните теми и да се потенцира ставот дека мирољубивиот дијалог за било кое прашање е подобар од било какви можни воени тензии или воени конфликти. Во тој дух и во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија, беше остварена и средбата со претставниците од Канцеларијата официјален Тајпеј во Рим, а на која учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи, и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.

 

И на крајот, различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократско општество, па затоа сметам дека и од претставниците на НР Кина ваквите средби ќе бидат разбрани како можност за добивање на повеќе информации за теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност.

 

Со почит, Антонио Милошоски

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top