Македонија

Отпор во Бугарија за продажба на „Лукоил“ на унгарска фирма и поради – Македонија

Според политологот Минчев, Будимпешта систематски работи за максимално влошување на македонско-бугарските односи

Бугарскиот политолог Огњан Минчев смета дека би било „фатална грешка“ и штетно за националниот интерес ако се продаде бугарскиот клон на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ на унгарска компанија поради „антибугарската политика на режимот на Орбан“, аргументирајќи ја со – Македонија.

„Под власта на Орбан, Будимпешта води систематска антибугарска политика, заедно со Белград, особено во однос на РС Македонија. Унгарија е директен канал за руско-српската антибугарска политика, која систематски работи за максимално влошување на бугарско-македонските односи. Клучните медиуми, кои се одликуваат со својата антибугарска патетика во РС Македонија, се во сопственост на познати корпоративни играчи во Будимпешта и на унгарскиот капитал воопшто. Зошто треба да ја наградиме антибугарската политика на Будимпешта?“, коментира Минчев на Фејсбук.

„Лукоил“ е најголемата компанија во Бугарија, со приходи од 4,68 милијарди евра во 2024 година.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top