Македонија

Центар за управување со кризи: Нема опасност да се излеат реките по обилните дождови

Центарот за управување со кризи вечерва информира за состојбата по обилните врнежи од дожд, според која состојбата со водостоите на реките на територијата на Македонија до 18 часот денеска е стабилна.

-На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките. Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во текот на денот екипата на „Македонија пат“ интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип. Исто така, додава ЦУК, на територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен.

Во Охридскиот регион по обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и остнати ЈП од општината. Локалната самоупрва кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул. „Железничка“, „Ариф Мустафа“, „Аџи Мустафа“, „Лескајца“, „Долно Лакочереј“ и во други делови од грдот во помал обем. Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми, наведува ЦУК.

-Во Битолскиот регион нема нови врнежи од дожд, реките се вратија во речните корита и се во тенденција за намалување односно нивото на водата е намалено. На територија на Општина Ресен како резултат на обилните врнежи повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Во општина Демир Хисар повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено. Пријава за одрон на Патниот правец R-1305 Битола-Кичево кај с. Железнец. Известени МВР ПС Демир Хисар и Македонија пат. На расчистување интервенира Македонија Пат.

Во Скопскиот регион, додава ЦУК, во моментов не се пристигнати пријави за нарушуванье на редовната состојба во Градот Скопје и неговата околина како последица од врнежите. И во Струмичкиот, Штипскиот и Велешкиот регион поради обилните врнежи, нивото на речните корита е зголемен, но не е забележано излевање и состојбата е мирна. -На територијата на РЦУК Велес, РЦУК Неготино , РЦУК Кавадарци и РЦУК Свети Николе нема нарушување на редовната состојба, нема излевања на реките, додава ЦУК.

Оттаму додаваат дека во северозападниот регион што ги покрива РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар состојбата е стабилна, а има пријава за одрон кај патот Маврово – Дебар од ЈП Македонија пат е испратена екипа на отстранување на одронот.

Најнови вести од: Македонија

Курти во Македонија по повод Денот на албанската азбука: средби со претседателот на Собранието Гаши и лидерите на Вреди

„На покана на Владата денеска во Македонија престојуваше косовскиот премиер Албин Курти. Тој се сретна во Скопје со претседателот на Собранието Африм Гаши и лидерите на коалицијата Вреди на овој ден со посебна симболика за Албанците – на Денот на азбуката.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик, пренесувајќи го и соопштението на коалицијата Вреди.

Несими: Распадот на ДУИ започна кога ги набрка интелектуалците и го забрани критичкото мислење!

„Молчењето и нереформирање во ДУИ создава празнина на теренот и политички вакуум. Но, во политиката празнината никогаш не останува празна. Секогаш ја пополнува некој друг. Колку подолго опозицијата останува без реформи и без визија, толку повеќе се отвора терен за нова опозиција. Политичката историја на секоја земја покажува дека таму каде што старите партии не се реформираат, секогаш се појавуваат нови алтернативи.“ – нагласува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна.

Скандал: „Аналитичарот“ Мехази ѝ „прогнозира“ на Македонија дека ќе станела „албанско бугарска унија со своја територија, јазик и традиции“?!

Со своето писание „политичкиот аналитичар“ од Тетово Сулејман Мехази отвора простор за прашањето: дали неговите ставови ќе бидат повод за соодветни државни институции во Македонија да преиспитаат дали со нив тој смислено и целесообразно, иако преку медиум надвор од нашата земја, искажува закани за нејзиниот територијален интегритет и создава можна опасност за негативно влијаење врз меѓуетничките односи?

Најнови вести

To top