Свет

Зеленски: Има „сигнали“ дека Американците слушнале што сака Украина

Приоритет е траен мир, загарантирана безбедност, почитување на нашиот народ и почитување на сите што ги дадоа своите животи бранејќи ја Украина, вели украинскиот претседател

Преговорите со американската делегација во Женева продолжуваат, но веќе има „сигнали“ дека претставниците на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ги слушнале Украинците, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното видео обраќање.

САД и Украина изработиле „дополнет и доработен“ мировен план за ставање крај на војната со Русија, соопштија двете земји во заедничко соопштение по разговорите во Женева, во кои учествуваа и европски претставници.

Во заедничко соопштение по разговорите меѓу делегациите на САД и Украина во Женева, двете страни изјавија дека одржале „исклучително продуктивни“ разговори, додавајќи дека ќе ги продолжат во наредните денови.

Белата куќа во посебно соопшти дека новата верзија на мировниот план вклучува посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација изјавила дека новиот план „ги одразува нивните национални интереси“.

Зеленски, пак, синоќа изјави:

„Украинската делегација во Женева веќе одржа голем број состаноци: со американската страна, како и со нашите европски партнери. Делегацијата штотуку извести за резултатите од овие разговори, а тоа беа длабински разговори; многу работи се менуваат. Важно е што разговараме со американските претставници, а има знаци дека тимот на претседателот Трамп нè слуша“, рече претседателот.

„Важно е да се обезбеди дека чекорите за завршување на војната се ефикасни и дека сè е оперативно. Се надеваме дека резултатите ќе бидат вистинските чекори. Првиот приоритет е траен мир, загарантирана безбедност, почитување на нашиот народ и почитување на сите што ги дадоа своите животи бранејќи ја Украина од руската агресија“, рече Зеленски.

Американските и украинските претставници разговараат за можноста украинскиот претседател Володимир Зеленски да отпатува за Соединетите Држави оваа недела.

Ова го објавуваат BBC и CBS News, повикувајќи се на повеќе американски и украински претставници.

Патувањето ќе зависи од исходот од тековните преговори во Женева, кои продолжуваат денеска.

По првата рунда преговори во Женева, американскиот државен секретар Марко Рубио им изјави на новинарите дека првичната верзија на „мировниот план“ предложен на Украина не е конечна и ќе биде предмет на измени.

Во меѓувреме, американскиот Конгрес потсети дека доколку во мировниот договор меѓу Украина и Русија биде вклучена клаузула за воени гаранции од САД, таа ќе треба да биде одобрена од американскиот Парламент.

Трамп: „Војната мора да заврши на еден или друг начин“

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top