Бизнис

Народна банка: Во 2025 економскиот раст 3,5%, просечната стапка на инфлација 3,9%

Макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и на натамошна стабилизација на инфлацијата, рече гувернерот на Народна банка, Трајко Славески.

За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка. Според проценките на НБ, дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 4,2 отсто од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година.

Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од претходните очекувања.

Како што рече гувернерот Трајко Славески, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и на натамошна стабилизација на инфлацијата.

  • „Најновите макроекономски проекции за периодот 2025-2028 година укажуваат на отпорност и солиден раст на економијата. За годинава се очекува раст од 3,5 отсто, во периодот 2026-2028 тој би забрзал на 4 отсто. Во однос на инфлацијата, просечната стапка ќе изнесува 3,9 отсто, а во натамошниот период ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек“, рече Славески.

Како што нагласи Славески, во првите девет месеци од 2025 година, кредитната активност забележала силен раст кој, според Народната банка, би продолжил и до крајот на годината.

  • „Во периодот 2025-2028 година се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка кои би се искористиле за финансирање на дефицитот на тековната сметка. Во однос на структурата, најголемиот дел од приливите на нето-основа се очекуваат во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство. За целиот период на проекцијата се очекува зголемување на девизните резерви и натамошно соодветно ниво за одржување на стабилноста на домашната валута“, смета гувернерот.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Рекорден број на патници, македонските аеродроми со најголем раст

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период

Фирмите и инфлуенсерите ќе треба да добијат дозвола за giveaway игрите

Законот ги дефинира и поимите „лајкување” и „тагнување” како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.

To top