Македонија

Директорот на „Дурмо Турс“ се бара со потерница

 Мифтари не дојде на затворската капија во рокот што му бил даден

Ремзи Мифтари,осудениот директор на „Дурмо Турс“ за несреќата кај Ласкарци, е внесен во графата „потраги“ на МВР.

Тој е во бегство пред издржување на затворската казна од 10 години, изречена за страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, кога се преврте автобус на „Дурмо турс“, во која компанија Мифтари беше одговорен за возниот парк.

Мифтари не дојде на затворската капија во рокот што му бил даден. На 18 ноември судијата од ОС Гостивар  за извршување на санкциите, побара присилно приведување на Мифтари, но веќебешедоцна. Полицијата не го најде Мифтари и се уште го бара.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top