Бизнис

(Видео): Наскоро нова авионска линија Виена-Охрид

Со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром. Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски во емисија на Канал 5 телевизија, во „Само Интервју“.

Владата за само една година обезбеди 21 нова авионска дестинација, а наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид откри на Канал 5 телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски.

Минитерот истакна дека со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%.

  • 20% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само една година обезбедивме 21 нова дестинација кон скопскиот и охридскиот аеродром, Аустриан ќе лета редовно Виена-Охрид, што дополнително ќе го поврза градот со цела Европа.

Николоски се осврна и на капацитетите за сместување на туристи.

  • Хотелските комплекси кои ги имаме во Македонија со исклучок на неколку објекти во Скопје, се од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. За да се изгради еден хотел, потребно е да се донесе цел детален урбанистички план. Мислам дека мнозинството е тивко и мнозинството ова го поддржува и мора да ја олесниме процедурата. За изградба на хотели не за апартмански комплекси, не за апартмани за продавање, исклучиво за хотели тоа е таканаречена Б5 категорија и дури еве можеме да се договориме, тоа да може да се прави за инвестиција којашто ќе е над Х вредност, кажа Николоски.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/1397362381938141

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top