Македонија

Андоновска: Дали Заев, Филипче и Николовски отпишале 2 илјади тони јачмен и пченица од стоковните резерви, кои преку Димковски завршувале на црн пазар во соседството?

„Ако СДС сака да се реформира, мора да се огради и дистанцира од криминалците во своите редови, почнувајќи од Заев, Филипче и Николовски.“ – порача портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Викторија Андоновска во денешното обраќање до медиумите.

„СДС очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за околу 800 илјади евра.“ – нагласи портпаролот на ВМРО Викторија.

Натаму таа истакнува: Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијантно однесување на Димковски, тие ревносно го бранат криминалот „тежок“ 800 илјади евра.

За Заев, Филипче и Николовски приватниот интерес секогаш беше на прво место. Јавноста мора да знае: дали отпишале 2 илјади тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали Димковски ќе одговара за сите овие тројца, кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината? – посочи портпаролот на ВМРО Викторија Андоновска во денешното обраќање до медиумите.


Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top