Хроника

Филозофскиот факултет и додели награда, Ванковска побара да не одржува комеморација кога ќе умре

Се надевам ќе ја почитувате мојата желба, кога и да дојде до тој финален чин

Најстарата високообразовна институција во Македонија, Филозофскиот факултет во Скопје и додели награда на професорката Биљана Ванковска.

Таа се забрагодари за плакетата но одби да ја прими и побара факултетот да не одржува комеморација кога таа еден ден ќе умре.

 

Целата реакција на Ванковска во продолжение:

 

 

МОЕТО ЗБОГУВАЊЕ СО НИВ

 

Почитувани:

 

Благодарам за пораката и за одлуката на Комисијата.

 

Сепак, сакам да Ве информирам дека најљубезно ја одбивам како не само задоцнет чин, туку и непристоен. Откако деканот буквално се обиде да ме посрамоти пред колективот и јавноста, а со тоа и натера на предвремено пензионирање, плакетата не ми значи ништо. Дури ја сметам и за циничен гест во овој миг.

 

Дозволете истовремено да Ви соопштам дека моја интимна желба е Факултетот да не одржува никаква комеморација кога ќе заминам засекогаш. Се надевам ќе ја почитувате мојата желба, кога и да дојде до тој финален чин.

 

Поздрав

Проф. Билјана Ванковска

 

Писмото на кое реагира Ванковска

 

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top