Македонија

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Јадранка Дабовиќ-Анастасовска беше избрана како судијка во Уставниот суд на 12 декември 2023 година. Таа дојде на местото на пензионираниот судија Јован Јосифовски.

Оставка на Јадранка Дабовиќ Анастасовска од функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија е официјално доставена до Собранието.

Засега нема информации за причините за нејзината оставка. Собранието треба да расправа за понатамошната постапка по доставениот материјал.

Најнови вести од: Македонија

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

To top