Македонија

Ѓорѓиевски: Скопјани ќе добијат Луна парк до јуни 2027 година

Ќе биде не само гордост на Скопје туку и гордост на Македонија а и на целиот регион, затоа што такво нешто нема во регионот

 

„Луна паркот за којшто ќе биде распишана постапката до петок оваа недела, чини некаде околу 10 милиони евра. Тоа значи дека за еден мандат на градоначалник два луна парка ги губеле граѓаните поради вакви работи, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во неодамнешното гостување во ТВ Сител, рече дека до петок ќе се распише постапката за изградба на нов Луна парк во Скопје..

Она нешто што ќе се гради таму а би отпочнало наредната година ќе биде нешто што ќе биде не само гордост на Скопје туку и гордост на Македонија а и на целиот регион, затоа што такво нешто нема во регионот.

Тоа ќе биде практично уживање и за нашите генерации кои што немале можност во минатото и ќе имаме можност заедно со нашите деца и со внуци да отидеме таму и да уживаме во таа забава. Рокот во кој што планираме да биде завршен е јуни 2027 година“, рече Ѓорѓиевски. (Фактор)

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top