Македонија

Ахмети најави протест во Скопје за поранешните водачи на ОВК

Тој ги повика Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.

Ахмети истакнал дека протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скедербег“.

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, појаснил лидерот на ДУИ ,јавува Фокус

Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.

Ахмети веќе беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.

Најнови вести од: Македонија

Касиопеја над Овче Поле: Дали Канда ја крие вечната тајна на Александар Велики? (ВИДЕО)

Ова откритие повторно ја става Македонија на мапата на светските археолошки и астрономски мистерии, потсетувајќи нè дека нашата историја можеби сè уште крие многу изненадувања под својата плодна почва.

To top