Регион

Бугарија и Македонија се согласија за железнички тунел меѓу двете земји

  Согласноста брзо да се финализира Договорот за изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји.беше постигната на средбата на министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална транспортна поврзаност” во Истанбул, „Двајцата соговорници […]

 

Согласноста брзо да се финализира Договорот за изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји.беше постигната на средбата на министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.

Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална транспортна поврзаност” во Истанбул,

„Двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО- алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море.

Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи, со цел заеднички да се усогласи текстот на договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел, којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот коридор 8“, наведуваат од македонското Министерство за транспорт.

Постигната е и согласност за бидат испратени испратат експерти на состанокот за коридорот 8 што го организира Европската комисија во јули.

„Бугарија активно работи на имплементација на Коридорот 8.“ рече бугарскиот министер Караџов според кој до биде објавен тендер за изградба на последните 2,4 км од железничката линија помеѓу Ѓуешево и „Деве Баир“ на границата со Република Македонија…

Тој посочи дека сите процедури се завршени, а финансирањето од 69 милиони евра е обезбедено во рамките на Програмата „Транспортна поврзаност“ 2021-2027. Според него, до крајот на 2028 година бугарскиот воз ќе пристигне на „Деве Баир“, јави Њуз.бг

Караџов потсети дека Бугарија ќе инвестира повеќе од 1,5 милијарди евра во модернизација на железничката врска од Софија до границата со Република Македонија.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top