Македонија

Денови на искушение – на денешен ден убиен великан на македонската револуционерна борба

За него според книгата на Коле Чашуле ,,Црнила” беше снимен еден од најубавите македонски филмови ,,Денови на искушение”. На денешен ден убиен е великанот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров         104 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1865-1921   28 јуни 2025 година, Прилеп, Македонија – Ѓорче Петров односно Георги Петров […]

За него според книгата на Коле Чашуле ,,Црнила” беше снимен еден од најубавите македонски филмови ,,Денови на искушение”.

На денешен ден убиен е великанот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров

 

 

 

 

104 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1865-1921

 

28 јуни 2025 година, Прилеп, Македонија – Ѓорче Петров односно Георги Петров Николов е роден на 2 април 1865 во с. Варош, прилепско, во ситно трговско семејство.

 

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација (МРО).

 

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Во солунската гимназија останал до 1885 година кога поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои и еден друг иден револуционер, Пере Тошев.

 

Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија.

 

Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив. Поради слабото здравје се вратил во татковината како егзархиски учител во Штип (1886-1887).

 

Во 1888 година заминал во Солун како коректор во основаната печатница на Коне Самарџиев.

 

Како учител во Скопје (1888-1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската Архиепископија.

 

Потоа заминал во Бугарија, што било решавачко за создавање на ВМРО.

 

Ѓорче Петров учествувал во испраќањето на ќираџијата Доне со пратки бомби од Штип до Битола.

 

Бил професор во Битола (1891-1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895-1897).

 

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на Македонската револуционерна организација во Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско.

 

Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО. На Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896 година, заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата. Бил еден од составувачите и на Уставот и на Правилникот на Тајната македонско одринска револуционерна организација (ТМОРО).

 

Подоцна, со налог на организацијата, занимал како задграничен претставник во Софија каде имал средби со Ризов и Љапчев кои го уверувале дека населението во Македонија не било подготвено само да се бори, да крева востание и дека им била потребна помош од врховниот комитет и од бугарските власти.

 

Единствено тој и Гоце Делчев се спротиставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност.

 

Своите погледи Ѓорче Петров ги образложувал во својот весник “Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата “Македонија на Македонците“.

 

На Рилскиот конгрес повторно бил избран за задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во 1896 година кога во Македонија пристигнале претставници од македонскиот врховен комитет на чело со Луков и Сарафов тој рекол: “Ги пречекавме како Господ, за потоа да заклучиме дека не заслужуваат никакви почести. Станува збор за сосема друга спротивна политика кои ја воделе отцепените претставници, наречени врховисти.“

 

Во 1896 година во Софија ја објавил книгата “Материјали по изучувањето на Македонија“.

 

Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897-1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник “На оружје“.

 

Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со чета во борбите кај прилепско-мариовскиот крај. Предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието, останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.

 

Го уредувал списанието “Културно единство“ во Солун од 1908 до 1909 година.

 

Во времето на Балканските војни 1912-1913 година и на Првата светска војна 1914-1918 година бил на служба во Серез, Битола и Драма. Бил член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

 

Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите. Конечно, како цел на братоубиствената политика во Бугарија, на 28 јуни 1921 година врз Ѓорче Петров бил извршен атентат од платениците на Тодор Александров среде градот Софија.

 

,,Бог да го прости и нека неговата душа ја удостои во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Слава му и вечнаја памјат на неговото дело за Македонскиот народ и за Македонија! Амин”, објавува Светскиот македонски конгрес во сеќавањето за Ѓорче Петров.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top