Бизнис

Хотелско-угостителскиот сектор повторно бара државна поддршка да подели плати

Економските предизвици со кои се соочува хотелско-угостителската индустрија, во услови на сезонско работење, нестабилен прилив и раст на трошоците и платите, според ХОТАМ јасно укажуваат дека без соодветна државна поддршка одржливоста е сериозен предизвик.

Хотелско-угостителскиот сектор речиси една деценија бара повластена даночна стапка – намалување на ДДВ-то за поконкурентни и поевтини услуги. Дел од барањата што се очекува да се разгледуваат во новоформираниот Совет за туризам се и субвенционирање на вработените, со цел да се спречи отпуштање и да се зачува работната сила, пренесе МРТ. Сезонските осцилации го прават овој сектор исклучително ранлив, поради што е неопходна системска државна поддршка.

  • „Охридско-струшкиот регион е сезонски туризам и нормално се соочуваме со проблеми околу чувањето на вработените 12 месеци. Каде што да беше побарано и уште бараме некаква субвенција на вработените, барем еден дел од неколку месеци во таа најниска сезона да не правиме големи загуби“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Научната фела со поинаков став – велат треба да се преиспита оправданоста на барањата, да се издигне квалитетот на услугите и да се развива претприемачкиот дух.

  • „Само бараат … секој бара помош, и треба ако има одредена оправданост за таа помош да ја добиеме. Но на крајот не смееме да дозволиме тоа да прерасне во еден должничко-доверителски однос, да дојде до степен на паразитизам, бидејќи од 2010 па до денес нашиот туризам се базира на субвенционирање“, вели Климент Наумов, професор на ФТУ Охрид.

Економските предизвици со кои се соочува хотелско-угостителската индустрија, во услови на сезонско работење, нестабилен прилив и раст на трошоците и платите, според ХОТАМ јасно укажуваат дека без соодветна државна поддршка одржливоста е сериозен предизвик.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top