Бизнис

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари

Германската економија се бори долго време, па затоа негативните ефекти од зголемувањето на минималната плата би можеле да бидат поизразени отколку во претходните циклуси на зголемување на минималната плата.

Германија ќе ја зголеми минималната плата од 12,82 на 13,9 евра бруто на час од 1 јануари следната година, а многу компании најавуваат зголемување на цените и отпуштања за да ги покријат новите трошоци, според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo). Најизразени ефекти се очекуваат во секторите угостителство и малопродажба, каде што ниските плати се најзастапени.

Истражувањето покажува дека компаниите најверојатно ќе одговорат со планирање за зголемување на цената на своите производи и услуги, иако малку помалку отколку во 2022 година, кога минималната плата последен пат беше значително зголемена, објавува Танјуг.

Наместо тоа, сè поголем број компании најавуваат намалување на персоналот и одложување на инвестициите, што укажува на притисокот што го создава зголемувањето на минималната плата за време на период на економска стагнација.

Многу компании директно погодени од зголемувањето на минималната плата, исто така, очекуваат слабеење на профитабилноста, како и зголемување на влезните трошоци, вклучувајќи ги набавките и логистиката.

Покрај тоа, значително се зголемил уделот на компаниите кои се плашат дека зголемувањето на минималната плата дополнително ќе ја намали нивната конкурентност, што не беше толку честа загриженост во времето на зголемувањето на минималната плата во 2022 година.

Ifo заклучува дека влијанието на зголемувањето на минималната плата врз компаниите зависи и од пошироката економска состојба во Германија.

Германската економија се бори долго време, па затоа негативните ефекти од зголемувањето на минималната плата би можеле да бидат поизразени отколку во претходните циклуси на зголемување на минималната плата.

Најнови вести од: Бизнис

Макстил најавува планирани промени во управувањето по промените на ниво на групацијата

Марија Дуковска-Павловска започнува ново професионално поглавје, а Иван Бановски е предложен повторно да го преземе раководењето со компанијата. Предвиден е шестмесечен транзициски период за обезбедување континуитет во управувањето

Потребен е национален дата-центар, велат од Владата

Македонија мора да изгради национален дата-центар за да ја обезбеди стабилноста на дигиталните услуги и да го следи развојот на вештачката интелигенција, е заклучокот на панел-дискусијата „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“.

(Видео): ДПИ открива скандал со брзите кредити, од Владата со реакција за големата сума пари

ДПИ за првпат спроведе сеопфатен и неселективен инспекциски надзор кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца за работа од Министерството за финансии, при што утврди сериозни прекршувања на правата на потрошувачите и донесе решенија со кои овие друштва се обврзуваат да им вратат на граѓаните незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, соопшти директорот Влатко Стојкоски.

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

To top