Македонија

Претседателката одликуваше американски генерал кој 3 децении работи на зајакнување на АРМ

Државната награда не е само израз на благодарност за неговата неуморна и вредна работа, туку и на нашата почит кон вредностите коишто тој ги персонифицира

 

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги.

 

 

Генералот Најт го добива високото македонско одликување за неговиот особен придонес во воената соработка и продлабочувањето на македонско-американското пријателство.

 

 

Доделувајќи го орденот, претседателка Сиљановска-Давкова посочи дека лидерството и посветеноста на американскиот генерал-мајор Најт, помогнаа да се создадат бројни генерации на одлично обучени македонски офицери, подофицери и војници.

 

 

Таа потсети дека Националната гарда на Вермонт веќе три децении ги поддржува македонските воени сили, како квалификуван, искусен и посветен партнер во обуки, но и како доверлив сојузник на патот кон мирот, стабилноста и демократијата.

 

 

Врачувајќи му го орденот на генерал-мајор Најт, претседателката рече дека оваа државна награда не е само израз на благодарност за неговата неуморна и вредна работа, туку и на нашата почит кон вредностите коишто тој ги персонифицира: дигнитет, интегритет, кредибилитет, дисциплинираност, храброст, емпатија, моралност.

 

 

Генерал-мајор Грегори Најт, на церемонијата нагласи дека орденот им припаѓа на илјадници војници од Националната гарда на Вермонт, кои беа вклучени во 35 годишната соработка.

 

 

„Ова партнерство сигурно е најзначајниот дел од мојата воена кариера од речиси 43 и пол години. Во Македонија доаѓам скоро 25 години, искуството и патувањата беа неверојатни. За мене, вистински, искрени и длабоки се пријателствата коишто ги создадов тука“, истакна генерал-мајор Најт.

 

 

Пред церемонијата, претседателката и генералот остварија средба на којашто се согласија дека поддршката од Вермонт беше клучна во подготовката на земјава за членство во НАТО, исполнувајќи ги стандардите на Алијансата и подобрувајќи ја интероперабилноста со другите сили на НАТО.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната церемонија.

 

 

 

Почитуван Командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт,

 

Почитувана Амбасадоркe на Соединетите Американски Држави, Ваша Екселенцијо, Анџела Агелер,

 

Почитувани претставници на Националната гарда на Вермонт и на Амбасадата на Соединетите Американски Држави,

 

Почитуван Началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски,

 

 

 

На денешната средба и со денешната церемонија го одбележуваме и го чествуваме пријателството и партнерството меѓу двете држави, двете армии, двата народа.

 

 

 

Ми претставува особена чест да му го врачам Орденот за воени заслуги на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Грегори Најт.

 

 

 

Дозволете ми да ви предочам зошто.

 

 

 

Пред повеќе од три децении се роди соработката меѓу Националната гарда на Вермонт и македонската армија. Цели триесет лета таа стои решително и цврсто покрај македонските воени сили, не само како квалификуван, искусен и посветен тренер во бројни воени и безбедносни обуки, туку и како доверлив сојузник на патот кон мирот, стабилноста и демократијата. Соработката којашто започна со скромна размена на знаење и искуство, прерасна во едно од најуспешните и најцврсти воени партнерства.

 

 

 

Генерале Најт, Вашето лидерство го зајакна и му даде особен печат на американско-македонското партнерство на начини коишто не можат едноставно да се измерат во години, мисии или програми. Под Ваше раководство, соработката достигна извонредни професионални и хумани резултати, обликувајќи генерации на офицери, подофицери и војници, подигнувајќи и зајакнувајќи ја нашата интероперабилност и подготвувајќи ги нашите воени сили за професионална и рамноправна служба, рамо до рамо со НАТО-сојузниците.

 

 

 

Вашата посветеност ги надмина границите на вообичаените должности. Внесовте дух на почит, разбирање и искрено другарство, коешто и самата го почувствував на средбите со Вас. Бевте главниот архитект во градењето мостови меѓу две нации, цврсти, нерушливи мостови на доверба по кои ќе чекорат здружените воени сили, долго по завршувањето на денешнава церемонија.

 

 

 

Ангажирани во многу мисии, живеевме како едно војничко семејство, грижејќи се едни за други, помагајќи си и учејќи едни од други.

 

 

 

Како резултат на Вашето лидерство, нашите вооружени сили станаа посилни, поспособни и поповрзани со сојузниците, а како резултат на Вашата енергија, љубов и дух, граѓаните на Вермонт и македонските граѓани многупати беа едно!

 

 

 

Денес, со благодарност јас, мојата земја и македонските вооружени сили, Ви оддаваме признание за извонредните успеси и придонеси.

 

 

 

Орденот за воени заслуги е израз не само на нашата благодарност за Вашата неуморна и вредна работа, туку и на нашата особена почит кон вредностите кои Вие ги персонифицирате: дигнитет,

интегритет, кредибилитет, дисциплинираност, храброст, емпатија, моралност!

 

 

 

Команданте, од името на мојот народ и на Армијата, Ви благодарам.

 

 

 

Ви благодарам за повеќе од 30-те години соработка, партнерство и борба за високи цели!

 

 

 

Ви благодарам што верувавте во нас сите!

 

 

 

Ви благодарам за создавањето нераскинлива врска меѓу Вермонт и Македонија, и посакувам истата да се зацврстува!

 

 

 

Ви благодарам.

Најнови вести од: Македонија

В понеделник ќе се знае изведувачот на Универзална сала, која со години го нагрдува просторот

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој нагласи дека едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг од 59,6% од БДП е знак за стабилни јавни финансии

Јавниот долг на Република Македонија заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра односно 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП) – објави денеска Министерството за финансии.

Мицкоски: Обезбедени пари за 150 електрични автобуси, за Скопје 100 – многу ќе се намали аерозагаденоста

На владина седница донесовме одлука, во рамки на влада со влада договорот кој го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит од исти услови како претходниот, три години грејс период , дополнителни 12 години отплата со истата каматна стапка, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за набавката на новите 150 електрични автобуси.

Премиерот Мицкоски за проблемот на превозниците: Имавме дипломатска офанзива, постојат неколку можни решенија

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ. – Овој проблеми […]

Јаневска: Наставниците ќе добијат 7,5 проценти зголемување со мартовската плата

Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дискусија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони – покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.

Поднесено обвинение против четворица началници и девет полицајци за пожарот во Кочани

Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена од 07.11.2018 година, од Обвинителството посочуваат дека, предмет на кривично-правна оценка во оваа постапка беа само дејствијата преземени од 2019 до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд: „Не бил правичен и не важел еднакво за сите“!

Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од проектот „Безбеден град“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Безбеден град’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме, за да важи секој закон за сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари

To top