Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС зборува за патишта, народот си спомнува за чочекот во тунел

Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек, реагира ВМРО-ДПМНЕ.. Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти. Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на […]

Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек, реагира ВМРО-ДПМНЕ..

Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти.

Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на СДС во тунелот при пуштањето во употреба на наследениот готов автопат Демир Капија – Смоквица.

Исто така, народот памети како СДС наместо да работи на реализација на капитални проекти, ги кочеше го последно, како автопатот Миладиновци – Штип, кој го наследија речиси целосно изграден, требаше да постават само патна сигнализација, а две години го кочеа и не го пуштаа во употреба.

Ама и не е човек да им се лути, толку знаат и толку умеат, па толку и работат, велат од владејачката партија..

Во однос на патната инфраструктура на којашто за една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно се работи и пуштаат во употреба, имаме само едно да им порачаме на СДС.

Проектите не се на ниту една влада, ниту на една партија, големите инфраструктурни проекти ги надминуваат гарнитурите на власт. Тие се проекти од граѓаните и служат за потребите на граѓаните.

Додека одговорна Владата, како што е оваа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, може само посветено и интензивно да работи на нивна побрза и целосна реализација.

Водејќи се единствено од интересот на граѓаните и државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од преземањето на одговорноста, интензивно работи за реализација капитални инфраструктурни проекти.

Пуштањето во употреба на експресните патишта Страцин – Крива Паланка, Градско – Дреново, како и изградбата на најтешкиот дел од таа делница, Фаришката клисура се резултат токму на посветена и интензивна работа.

Паралелно со ова интензивно се работи и на изградба на Коридорите 8 и 10Д, а ќе следи и изградба на експресна пруга од Табановце до Гевгелија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги поставува и гради темелите на промените, се вели во реакцијата од партијата..

Најнови вести од: Македонија

Официјално: Поранешниот градоначалник на Карпош мора да се јави во затворот „Шутка“ најдоцна до 2 јули

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

ВРЕДИ за „крокодилските солзи“ на Али Ахмети и ДУИ

ДУИ ја призна вината за правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со своја уста гхого кажа она што ВРЕДИ го кажува со месеци дека  ДУИ беше на власт, не му даде приоритет ниту на албанскиот јазик ниту на правосудниот испит

Мицкоски: Преферираме редовни избори во 2028, но сме подготвени за сите сценарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија.

Димитровски: Странските претставници ни велат дека нашиот проблем е опозицијата, која вели дека треба да се смени Уставот

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, оцени дека Македонија го има клучниот проблем да ги почне преговорите со Европската Унија, а тој проблем е билатерален и наметнат од Бугарија, иако Софија постојано тврди дека станува збор за работа со ЕУ.

To top