Свет

Снажен руски удар врз Украина – урнат украински Ф-16

При одбивање на масовен руски напад со ракети и со беспилотни летала синоќа, украински авион Ф-16 беше оштетен, а пилотот од прва класа, потполковник Максим Устименко, беше убиен, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украин „Во текот на ноќта, руските окупатори повторно започнаа масовен напад со ракети и со беспилотни летала врз […]

При одбивање на масовен руски напад со ракети и со беспилотни летала синоќа, украински авион Ф-16 беше оштетен, а пилотот од прва класа, потполковник Максим Устименко, беше убиен, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украин

„Во текот на ноќта, руските окупатори повторно започнаа масовен напад со ракети и со беспилотни летала врз Украина, користејќи ракети од различни видови и ударни беспилотни летала. Вкупно, повеќе од 500 воздушни цели“, соопшти армијата на социјалната мрежа Фејсбук.

Се забележува дека сите расположиви средства на Одбранбените сили, способни да дејствуваат во воздушни напади, беа вклучени во одбивањето на масовниот напад.

„Уште еднаш, авијацијата на Воздухопловните сили дејствуваше продуктивно, особено авионите Ф-16, чиишто пилоти уништија десетици дронови ‘Шахед’… И покрај сè, нашите пилоти херојски ги извршуваат борбените задачи, постигнувајќи максимални резултати. За жал, таа ноќ, при одбивање на масовен воздушен напад, пилотот од прва класа, потполковник Максим Устименко, роден во 1993 година, загина во авионот Ф-16“, соопштија од Воено-воздухопловните сили.

Во соопштението се наведува дека пилотот соборил 7 воздушни цели, а за време на последната вежба, неговиот авион бил оштетен, почнал да губи висина и немал време да се катапултира.

Како што објави Укринформ, Русија синоќа го изврши најмасовниот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната, употребувајќи ракети и дронови.

Најнови вести од: Свет

Јапонија и САД ќе соработуваат во ископување на ретки земни метали од океанското дно

Јапонија и Соединетите Американски Држави имаат намера да соработуваат во рударството на ретки земни метали во водите околу островот Минамиторишима, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи. „Обезбедувањето различни начини за рударство на ретки земни метали е важно и за Јапонија и за САД. Ќе продолжиме да разгледуваме специфични начини Јапонија и САД да соработуваат во развојот […]

Папата повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во САД

Папата Лав Четиринаесетти повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во САД, каде што рече дека многу луѓе се длабоко погодени од контроверзната политика за масовна депортација, објави Би-би-си.

Русија го исполнува ветувањето на Путин: „Орешник“ во масовно производство

Русија започна сериско производство на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, објави претседателот Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа речиси една година по неговото ветување од декември 2024 година дека масовното производство ќе започне „во блиска иднина“

To top