Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема мигранти додека е Филипче во опозиција

Венко Филипче, кога беше министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци со што го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија

„Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста“,се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од Филипче и неговиот ментор Заев, кои ја уништија партијата и ја доведоа до 120 илјади гласа, ти прават се’ за да останат на чело, на и така распуштената партија.

Од таа причина отвораат разни теми, како и последната со мигрантите. И покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадорот негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, СДС и Венко Филипче продолжуваат само за тоа да зборуваат.

Иако знаат, уште еднаш им повторуваме, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во државава никакви мигранти нема да има.

Но, сепак, во државава има некој кој на македонска територија сакал да отвори прифатни центри за мигранти, а за тоа гласал и на владина седница.

Тоа е Венко Филипче, кој како министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци. Ова, Филипче го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија.

Во 2018 година, како министер во тогашната влада за Заев, Филипче активно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.

На ден 26.01.2018 година, во „Службен весник на Република Македонија“, број 16, страна 189, точка 1.6, стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

Од ова е многу очигледно дека Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти и да не бил тогашниот притисок од ВМРО-ДПМНЕ, денес во Македонија ќе имаше мигранти.

На СДС, а посебно на Филипче кој сè уште е продолжена рака на Заев, на ваквото глумење загриженост и некаква одбрана на државата, никој не му верува. Ни на повикот за протести никој нема да им одговори, дури ни нивните последни поддржувачи и членови.

Затоа што и народот и членовите на СДС јасно гледаа и се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, и од опозиција продолжува да ја контаминира и Македонија. Сите добро знаат дека и така наречената декларација и темата за мигрантски кампови, се само обиди за спас на криминалите на Заев и Филипче.

Нема да можат да дефокусираат со измислени теми и одговорност за криминалот ќе има, а тоа што треба СДС и Филипче да направат е да им се извинат на граѓаните за ширењето паника, сеењето страв и лажењето.

Сè додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

To top