Македонија

Се враќа на пругите некогаш отпишаниот „Шпанец“, целосно обновен и тестиран, со аларм и видеонадѕор! (Видео)

Со обновувањето на легендарниот „Шпанец“ и неговото враќање во употреба на македонските пруги Македонски железници најавуваат преродба на железничкиот превоз во Македонија – со нагласка на зачувување на традицијата, но и осовременување на постојните возни средства.

Денеска бил тестиран целосно обновениот и осовременет воз, попознат од минатите децении како „Шпанецот“. Оваа вест преку фејсбук ја објави Игор Коруновски, директорот на Македонски железници – Транспорт.

Во објавата на општествената мрежа тој напиша: „Денес го тестиравме целосно обновениот и модернизиран воз со нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор. Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек. Следуваат уште новости – останете со нас“, напиша Коруновски.

Легендарниот воз „Шпанец“ со години беше заборавен и речиси отпишан. Тој беше еден од најпознатите возови на поранешните Југословенски железници, препознатлив по својата удобност и карактеристичен изглед. Неговото враќање предизвикува носталгија и одушевување кај љубителите на железницата, но и кај сите, што се сеќаваат на неговите патувања низ Македонија.

Видео

 

Најнови вести од: Македонија

Уапсен е Марко Кричак, началник на криминалистичката полиција

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Радар“ на Н1 Белград. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

To top