Македонија

Линч: Македонското сценарио на Доналд Трамп

Арлингтон како скопски Центар

Американската новинарка Лили Линч која одлично ја познава состојбата на Балканот како ,,Македонско сценарио” го опишува новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп да гради Триумфална порта во Вашингтон.

,,Градиме лак како Триумфалната капија.

Ќе биде како оној во Париз, но ќе го однесе во воздух (ја надминува таа во Париз”, порачува Трамп во најавата на објектот на прес конференцијата заедно со неговата сопруга Мелница.

Линч која е експерт за меѓународни односи и долго време живее во Европа и регионот идејата на Трамп ја поврзува со Скопската Триумфална Капија која ја изгради предходната  влада на ВМРО-ДПМНЕ пред десетина години.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top