Спорт

Македонија со признание од Европската џудо унија за организатор на годината

Врвната организација на четири европски настани годинава ценета и наградена од ЕЈУ

Европската џудо унија на својот 77. Конгрес во Лас Палмас ѝ додели признание на Џудо федерацијата на Македонија за најдобар европски организатор на настани во овој спорт во 2025 година.

„Обемот на достигнувањето е без преседан за земјата. Во рок од една година, Скопјe беше успешен домаќин на четири големи натпревари на ЕЈУ: Европски куп за јуниори, Европски куп за сениори, Европски младински олимписки фестивал и Европско првенство за кадети“, се вели во образложението за наградата што претседателот на ЕЈУ, Ласло Тот, му ја врачи на првиот човек на ЏФМ, Владимир Трпаноски.

„Многу сме благодарни што сме најдобриот европски организатор на настани во 2025 година. Би сакал да му се заблагодарам на целото џудо семејство“, изјави Трпаноски, кој го доби признанието за „херој на годината“ за лидерството, визијата и исклучителниот придонес во развојот и промоцијата на европското џудо.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top