Македонија

Вреди: Новиот закон за правична застапеност затвора поглавје на политичка измама

Коалицијата Вреди објави дека новиот закон за правична и соодветна застапеност претставува крај на долгогодишната политичка манипулација со ова прашање, кое две децении се користело како слоган и алатка за уцена.

Коалицијата Вреди објави дека новиот закон за правична и соодветна застапеност претставува крај на долгогодишната политичка манипулација со ова прашање, кое две децении се користело како слоган и алатка за уцена.

„Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, денес станува законски, мерлив и применлив стандард. За прв пат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или на изборните манипулации, туку е регулирана со јасен, обврзувачки и надгледлив закон“, се наведува во соопштението.

Со овој закон, Вреди ја затвора „клучната алка“ на Охридскиот рамковен договор.

Коалицијата истакнува дека Венецијанската комисија дала позитивно мислење за законот, со што се побива пропагандата на ДУИ, која години зборувала за застапеност, но никогаш не ја регулирала законски.

„Вреди го направи она што другите само го ветуваа. Денес, правичната и соодветната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира вистинска еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на припадноста и без партиски посредници“, додаваат од Вреди.

Законот наскоро треба да влезе во собраниска процедура, а коалицијата ги повикува сите пратеници да го поддржат, нагласувајќи дека станува збор за закон за еднаквост, правда и европска иднина на земјата.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top