Свет

Наместо да издвојува 5% од БДП за одбрана, Италија ќе гради мост кон Сицилија

Италијанските политичари предлагаат изградба на мост од 3,3 километри вреден 13,5 милијарди евра до Сицилија што би се претставил како воен трошок

 

Италија е една од земјите на НАТО кои најмалку издвојуваат за одбрана: Минатата година издвои само 1,49 проценти од бруто домашниот производ за својата војска така што барањето од 5 проценти до 2035 изгледа недостижно, пишува Политико

Вицепремиерите и клучните личности во кабинетот на Џорџија Мелони – министерот за надворешни работи Антонио Тајани и министерот за инфраструктура Матео Салвини – нагласија дека мостот има не само економско, туку и воено значење.

Во владин документ од април се вели дека објектот ќе го олесни трансферот на тешка воена опрема и војници од Северна Европа до Медитеранот и ќе им служи на НАТО и на италијанските вооружени сили.

Проектот – централен висечки мост долг 3,3 километри што би го направил најдолгиот висечки мост во светот – има долга и контроверзна историја. Обидите за негова изградба датираат од антички Рим, преку режимот на Мусолини и соништата на Силвио Берлускони. Тој постојано бил запиран од економски, технички и еколошки причини, како и поради отпор од локалните власти.

Претставник на италијанското Министерство за финансии изјави дека класифицирањето на проектот како воен би му овозможило на проектот да ги надмине бирократските и правните пречки и да го олесни финансирањето.

Според европските регулативи, до 1,5% од идните трошоци за одбрана може да се наменат за „стратешка одржливост“, вклучително и инфраструктура.

Опозицијата, сепак, остро реагираше. Според Џузепе Анточи од Движењето 5 ѕвезди, таквото претставување на проектот е „потсмевање на граѓаните и на обврските на Италија кон НАТО“. Тој ја нарече идејата „блеф“ и „обид за меѓународно самопонижување“, истакнувајќи дека регионите на Сицилија и Калабрија страдаат од недостаток на основна инфраструктура, лоши патишта и болници во критична состојба.

Постојат и геостратешки проблеми. Месинскиот теснец не спаѓа во официјалниот коридор за воена мобилност на НАТО, кој се протега од пристаништата во Пуља до Балканот. Исто така, не е јасно дали ЕУ ќе го прифати проектот како дел од својата мрежа за воена мобилност.

Најнови вести од: Свет

Русите сакале да го соборат авионот на Урсула фон дер Лајен, успеале само да го блокираат GPS системот

Портпаролот на Европската Унија денеска потврди дека Глобалниот систем за позиционирање (GPS) на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бил блокиран за време на нејзиното патување во Бугарија во неделата, но авионот безбедно слетал.

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба во август во Алјаска создава можности за решавање на конфликтот во Украина.

Путин и Си Џинпинг разговараа за руско-американски преговори

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг за последните контакти меѓу Русија и САД, изјави денеска Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во кинескиот град Тјенџин.

To top