Македонија

Македонија над европскиот просек по бројот на автобуси на жител

Според Евростат, лани во државава биле регистрирани 3.690 автобуси или по два на илјада жители, наспроти 1,6 во Унијата

Со два автобуса на илјада жители, Македонија е над европскиот просек од 1,6, покажуваат податоците на статистичката агенција на Европска унија, Евростат, за 2024 година.

Во Македонија минатата година биле регистрирани 3.690 автобуси и со тие два на илјада жители е над просекот од 1,6 во ЕУ, кадешто лани биле во сообраќај 737.142 автобуси, минибуси и тролејбуси.

Македонскиот просек е далеку над тој во Холандија, кадешто на илјада жители има само 0,5 автобуси, потоа во Германија (1) и во Австрија (1,2), а значително под тој на водечките Малта (4,6), Луксембург (4) и Естонија (3,7).

Во споредба со регионот, Македонија ги „шие“ Србија со 1,8 автобуси на илјада жители, Хрватска со 1,5 и Босна и Херцеговина (1,3), а заостанува во однос на Албанија (3,8), Романија (3), Бугарија (2,8), Грција (2,6) и Црна Гора (2,4).

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, од вкупно 3.609 автобуси минатата година дури 3.609 или 97,8 проценти биле со дизел мотори, 63 или 1,7 отсто хибридни (бензин/гас) и само 15 или 0,4 отсто електрични.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Не ни требаат компании да го следат раководството на СДСМ, немам намера да се занимавам со такви естрадни политики!

„Што се однесува до некакви си компании што треба да го следат раководството на СДСМ, таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои, ниту е тоа дел од мојот карактер, ниту имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики.“ – одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање откако вчера опозицијата обвини дека власта ангажирала приватна разузнавачка агенција да ја следи.

Скопска мобиларница фатена во обид за криумчарење „Ејплс-часовници – цариниците со голема заплена

Запленети се скапи „Ејпл“ часовници кои увозниците се обиделе да ги прикријат со ефвтини копии, но оригиналите се пронајдени при претрес на скопска мобилара, објави Царинската управа, од каде што посочуваат дека е покрената кривична пријава против осум лица.

To top