Македонија

Николоски: За изградба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп буквално е преместена планина

За изградба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп буквално е преместена планина, а граѓаните добија максимално безбеден пат истакна денеска во своето обраќање при пуштањето во употреба на овој експресен пат заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски. -Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, […]

За изградба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп буквално е преместена планина, а граѓаните добија максимално безбеден пат истакна денеска во своето обраќање при пуштањето во употреба на овој експресен пат заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски.

-Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, од Битола, од Ресен, од Могила, од Новаци, од Кривогаштани и оние кој што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да поминат дел од одморот ќе можат да го користат овој експресен пат, рече Николоски.

Николоски потенцираше дека токму за оваа делница е поместена планина со цел граѓаните да добијат безбеден пат.

-Сакам да честитам на сите оние кои што беа вклучени во реализацијата на можеби втората најтешка делница од сите оние кои што ги работиме во моментов. Гледано како подвиг, после автопатот Кичево-Охрид ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој што беше за решавање. Буквално планина се премести за да се изгради овој пат и да биде безбеден што е многу значајно, појасни Николоски.

Николоски појасни дека пуштањето на патот беше одложено неколку месеци за да бидат отстранети сите пречки и граѓаните безбедно да патуваат.

-Решивме отварањето да биде преместено неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден пат по кој што граѓаните ќе се обраќат, но исто така да ги отклониме сите пречки кои што стоеја на реализацијата на овој пат, додаде Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top