Македонија

Еден од пет луѓе во Македонија користи алатки на вештачката интелигенција, во ЕУ речиси секој трет

Во Македонија еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.

На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ годинава користеле ВИ алатки. Повеќето ги користеле за лични цели (25,1%), додека 15,1% ги користеле за работа, а 9,4% за формално образование, покажуваат податоците за употребата на ИКТ во домаќинствата и од страна на поединци објавени од Евростат. Како најчеста причина зошто не користеле алатки на вештачката интелигенција 43% од граѓаните на Македонија рекле дека немале потреба, 11% зошто не знаеле како да ги користат, додека 2% поради загриженост за приватноста и безбедноста.

Во Европа лидер во користење на вештачката интелигенција е Норвешка (56,32%), а најмалку 17,19% ја користеле граѓаните во Турција. Од земјите во регионот најмногу алатки за генеративна вештачка интелигенција рекле дека користат граѓаните на Грција (44,09%) и Словенија (37,56%). Потоа следи Хрватска (27,52%), Бугарија (22,5%) и Македонија (22,03%). Најмалку вештачка интелигенција користат граѓаните на Србија (18,64%) и Босна и Херцеговина (20,26%).



На ниво на ЕУ, употребата на алатки за генеративна вештачката интелигенција најраспространета е во Данска (48,4%), Естонија (46,6%) и Малта (46,5%). Спротивно на тоа, најмал удел на луѓе кои користат алатки за генеративна вештачка интелигенција е забележан во Романија (17,8%) и Италија (19,9%). Во ЕУ, 94% од поединците користеле интернет во последните три месеци во 2025 година, додека четири проценти ја поминале целата година без да користат интернет. За поврзување на интеренет, мобилни уреди користеле речиси 9 од 10 лица во ЕУ, додека 74% од поединците нарачале или купиле услуги или стоки преку интернет.

Во Македонија лани 91 процент од домаќинствата имале пристап до интернет, што е значителен раст споредено со 2015, кога тој број изнесувал 69%. Околу 6,86 проценти од граѓаните ја поминале целата година без да користат интернет. За поврзување на интернет најголем дел луѓето користеле мобилен уред (91,5%), околу 20% десктоп компјутер, 35% лаптоп и 9% таблет. Најчесто или 86 проценти од луѓето во земјава интернет користеле за телефонирање или видео разговори, 78 проценти за пристап до социјални медиуми и 41% за испраќање и примање електронска пошта. Околу 42% од граѓаните нарачале или купиле услуги или стоки преку интернет лани, што е двојни повеќе споредено со 2020 кога тоа го направиле 21 процент.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети шивалната на затвореничките во „Идризово“

Идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за целиот затворски систем и за државата, велат надлежните. Претседателката рече дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Според ChatGPT: Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

Според достапните информации и пребарувања на јавни извори, Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република  Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

To top