Македонија

Според ChatGPT: Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

Според достапните информации и пребарувања на јавни извори, Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република  Македонија кој отишол во официјална посета на затвор

Според достапните информации и пребарувања на јавни извори на алатката за вештачка интелигенција ChatGPT, Гордана Сиљановска-Давкова е првиот претседател на Република  Македонија кој отишол во официјална посета на затвор (конкретно, затворот Идризово).

Ова е првпат забележано во историјата на независна Македонија, бидејќи нема документирани посети на затвори од страна на претходните претседатели: Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов или Стево Пендаровски.

Таа е и првата жена претседател, а посетата е дел од нејзините активности по стапувањето на функција во 2024 година.

Претседателката за време на посетата оствари средба со група затворенички и ги сослуша нивните проблеми.

Сепак и chatgpt греши затоа што и екс претседателот Бранко Црвенковски во неговиот мандат бил во посета на затвор.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Никогаш не сум разговарал со странски дипломат за прифаќање мигранти! Ова е Македонија, а не Албанија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави за ТВ Канал 5 дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ Македонија за пет, седум, осум проценти, како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

(Фото): Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети шивалната на затвореничките во „Идризово“

Идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за целиот затворски систем и за државата, велат надлежните. Претседателката рече дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

To top