Македонија

Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Интегралното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра:   „Почитувани граѓани, Почитувани партнери од Европската банка за обнова и развој, Драги пријатели, Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони […]

Интегралното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра:

 

„Почитувани граѓани,

Почитувани партнери од Европската банка за обнова и развој,

Драги пријатели,

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, и за Прилеп, и за Битола, и за Ресен, и за сите општини од Пелагонија.

Овие пари, како во минатото, по принципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела.

Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен.

Дојде време кога парите од граѓаните- се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики.

Почитувани,

Денес Македонија се гради- чекор по чекор, делница по делница, проект по проект.
Со чесна работа, домаќинска политика и меѓународни партнерства- ја менуваме државата од темел.

Овој пат, Фариш- Дреново, не е само обичен пат туку тој е и порака. Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака- се може.

И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој ако што беше изминатите седум години, туку цврсто граби на патот кон напредокот.

Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме.

Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се само  празни зборови.

Тоа се токму проекти како овој, патишта како овој. Тоа се училиштата кои ги обновуваме. Болниците што се реконструираат.

Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што се отвораат.
И тоа е новото време- време на одговорност, време кога ќе градиме, наместо по принципот како до сега кога крадеа.

Доаѓа времето на Македонија.

Време на чесна влада, јасна визија и видливи и мерливи резултати.

Нека биде со среќа делницата Фариш- Дреново.

Нека служи на сите, со години и децении.

И Бог нека ни ја благослови Македонија!

Ви благодарам.“

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top