Македонија

Ќе остане ли Али Ахмети лидер на интегративците?

Клучна реформа на Ахмети е да ги пензионира поранешните комнадатнти, а за нови функционери да избере млади луѓе

 

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори  најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.

Али Ахмети ќе бидe реаизбран, ветераните ќе си одат дома, а првиот интегративец ќе направи сериозен рез во раководството Високи партиски извори во ДУИ сметаат дека е сигурно дека лидерот Али Ахмети ќе биде реизбран, но дека ќе има и сериозен рез во раководството на партијата по изборниот пораз на локланите избори.

„Време е да се направи вистинска чистка и да се затворат поглавја кои ја поврзуваат ДУИ со минатото. На конгресот ќе биде усвоена и резолуција за стратешките цели на ДУИ, членството во НАТО, интеграцијата во ЕУ, почитување на рамковниот договор , економската благостостојба на граѓаните , како и зелената агенда“, вели висок партиски функционер за ТВ24.

Клучна реформа на Ахмети е да ги пензионира поранешните комнадатнти, односно тие да се  преселат во советодавно тело, а Ахемти новите функционери ќе ги избере од млади луѓе , кои немаат ниту партиски багаж.

По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

„Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици“, соопшти ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top