Македонија

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

„Длабоката реформа во ДУИ, која ја најави повторно избраниот лидер на партијата Ахмети, заврши главно со рокада на истите имиња, од еден орган во друг. На денешниот партиски конгрес Арбер Адеми и Фатон Ахмети ги сменија улогите. Адеми од потпретседател стана генерален секретар, додека Фатон Ахмети од генерален секретар стана потпретседател. Денешниот конгрес наиде на критики од членовите и поранешните членови на оваа партија, кои реагираа преку општествените мрежи, поради нивното исклучување од партиските тела.“ – објави ТВ Алсат.

Натаму телевизијата истакнува: Бујар Османи и Арбана Пашоли остануваат потпретседатели на ДУИ, додека Еркан Арифи и Арта Билали Зендели беа додадени и на листата на потпретседатели. Неби Реџепи го заменува Блерим Беџети на позицијата организациски секретар. Во новиот Генерален совет на партијата не се вклучени сегашните членови Садула Дураку, Талат Џафери, Блерим Беџети, Фатмир Дехари, Назим Буши, Реси Адурахмани, Шабан Мемети, Ејуп Рустеми, Муса Џафери, Џеват Адеми, Ејуп Алими. Сепак, останува да се види дали тие ќе бидат дел од други партиски тела, како што е Националниот совет, за кои се очекува да се консолидираат во наредните денови.

Во својот говор, Ахмети не стави нагласка на реформите во партијата, туку на реформите, што треба да се случат во главните институции на државата, со цел да се гарантира правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Охридскиот договор.

„Прво, Избор на Влада со двојно мнозинство – бадинтер во извршната власт. Предлагаме секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинството пратеници, туку и со мнозинството пратеници на немнозинските заедници. Второ, примена на бадинтеровиот принцип во Уставниот суд. Законите, што се одобрени со двојно мнозинство во Собранието, врз основа на бадинтеровиот принцип, не треба да се поништуваат во Уставниот суд без двојно мнозинство и од судиите. Предлагаме измени што ќе овозможат одлуките, кои влијаат врз правата на немнозинските заедници да не се донесуваат без меѓусебен консензус во рамките на Судот. Трето, продлабочување на децентрализацијата и локалната самоуправа. Предлагаме нова фаза на функционална и фискална децентрализација со натамошно префрлање на надлежностите во областите на образованието, здравството, локалниот развој и управувањето со јавниот имот“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Според ТВ Алсат, Ахмети го повтори на конгресот долгогодишното барање за проверка не само на политичарите, туку и на сите функционери, но и на безбедносните органи. „Поддршка за предлог-законот на ДУИ за проверка со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда. Истрага за сите носители на јавни функции во последните 34 години: министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција. Верификација на богатството и неговото потекло за секој јавен функционер. Длабинска истрага за процесот на приватизација, што ги создаде недопирливите олигарси. Истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ.“ – посочи Али Ахмети, претседател на ДУИ, објави ТВ Алсат.



Најнови вести од: Македонија

Митева: Политички незрел маневар е изјавата на Филипче дека СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон, ако се укине техничката влада

Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине, рече портпаролката на Владата Марија Митева.

Министерката Јаневска најави отворање Факултет за медицински сестри и акушерки во Битола!

Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката за образование Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето на факултетот во Битола, каде што со долга традиција постои Високата стручна школа, ќе биде дел од втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“.

Зоран Ристовски избран за нов директор на МРТ

Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа доставени под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите

Лефков: СДС води поданичка политика, диктирана од Бугарија! – Дејствува синхронизирано со тамошни структури за темата на државјанствата!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано дејствување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата.

To top